Fatjon Cuka
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Бројот на потврдени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Албанија се искачи на 55 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според официјалните податоци на Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија, како резултат на тестирањата извршени во последните 24 часа, потврдени се уште четири случаи на Ковид-19, од кои два случаја се медицински работници.
„Во последните 24 часа беа тестирани 42 сомнителни лица, граѓани и медицинси работници, од кои потврдени се 4 нови случаи со Ковид-19. Досега беа тестирани 605 сомнителни случаи, од кои вкупно 55 резултираа позитивно на Ковид-19“, се вели во соопштението на ова министерство.
Се вели дека во овие рамки биле тестирани и 89 медицински работници во Универзитетската болница „Шефќет Ндроќи“ во Тирана, од кои позитивни на коронавирусот биле 8 лекари и медицински сестри.
Се истакнува дека 38 од овие случаи се откриени во Тирана, 6 во Фиер, 5 во Драч (од кои еден почина), и по 2 случаја се откриени во Елбасан, Рогожина и Лушње.
Инаку, на 11 март во Албанија од Ковид-19 почина едно 73-годишно лице.
Во рамки на преземените мерки, сите копнени влезови во Албанија од Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Грција се затворени за сите патници со автобус, минибус или возило, додека копнената граница на Албанија ќе остане отворена само за транспорт на стока.