Oktaj Omeragikj
18 Октомври 2022•Ажурирај: 19 Октомври 2022
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во последните 24 часа во земјата е спроведено тестирање на 808 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 57 биле позитивни на коронавирус, а притоа 15 лица се реинфицирани. Вкупната бројка на евидентирани случаи на зараза од почетокот на пандемијата во земјата достигна 343.722, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во дадениот период регистриран е еден смртен случај предизвикан од последици на заразеност со Ковид-19. Согласно со Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, дополнително нема регистрирани смртни случаи.
Досега од последици на заразеност со Ковид-19 во земјата животот го загубија 9.554 лица.
Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега оздравени изнесува 333.833.
Во моментот, бројот на активни случаи на зараза со Ковид-19 изнесува 335.
Министерството за здравство информира дека во последното деноноќие е спроведено тестирање на 808 примероци сомнителни на Ковид-19. Во Северна Македонија досега се направени вкупно 2.177.967 тестирања.