Furkan Abdula
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 128 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 10.213, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 6 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 466.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 5.564.
Во моментот активни се 4.183 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.025 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 96.194 тестирања за Ковид-19.