Ekipa
18 Август 2020•Ажурирај: 19 Август 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 130 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 12.970, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека како последица на вирусот починати се две лица. Со тоа, вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 549.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени од овој вирус од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 9.513.
Во моментот бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 2.908.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.742 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата реализирани се вкупно 128.938 тестирања.