Ahmet Dursun
18 Август 2020•Ажурирај: 19 Август 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран како последица на коронавирусот, Ковид-19, во изминатите 24 часа починале 168 лица, или досега вкупно 19.972 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Портпаролката на Министерството за здравство, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија рече дека во изминатото деноноќие од вирусот починале 168 лица, и дека потврдени се 2.385 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа бројот на починати од коронавирусот е зголемен на 19.972, додека бројот на заразени на 347.835.
На одделите за интензивна нега се наоѓаат 3.882 лица, а бројот на излекувани е зголемен на 300.881.
Во Иран спроведени се над 2,9 милиони тестирања за Ковид-19. Првиот случај на вирусот во Иран е регистриран на 19 февруари во градот Ком.