Dzihat Aliju
20 Декември 2025•Ажурирај: 23 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје се одржа изложба и отворање на проектот „Епиграфи на Северна Македонија“, јавува Анадолу.
Отворањето на проектот и изложбата, организирани во соработка помеѓу Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), Дирекцијата за Турците во странство и сродните заедници (ЈТБ), Министерството за култура на Северна Македонија и Исламската заедница на Северна Македонија, се одржа во џамијата Мустафа-паша во Скопјe.
На отворањето на проектот „Идентификација, превод и изложба на епиграфи на отомански споменици во Северна Македонија на повеќе од 120 архитектонски објекти“ присуствуваа претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, пратеникот Салих Мурат, ректорот на Универзитетот во Јалова од Турција, Мехмет Бахчекапили и многу други гости.
По изложбата, се одржа панел дискусија посветена на проектот.
На панел дискусијата, како предавачи, учествуваа проф. д-р Мехмет Самсакчи и проф. д-р Ертугрул Каракуш.