Samir Kajosevic
07 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора од коронавирусот Ковид-19 починаа двајца пациенти, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од Општата болница во градот Беране наведоа дека пациентите биле лекувани во таа здравствена установа и дека умреле од здравствени компликации предизвикани од коронавирусот.
„Во Општата болница во Беране моментално има 26 пациенти заразени со коронавирусот. Здравствената состојба на двајца пациенти е витално загрозена“, изјавија од болницата.
Во Црна Гора од почетокот на јуни регистрирани се 517 заразени со коронавирусот, од кои седуммина починаа.