Dzihat Aliju
12 Јули 2021•Ажурирај: 13 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Движењето за национално единство на Турците (ТМБХ) во Северна Македонија, предводено од Ердоган Сарач, кој беше реизбран за претседател на партијата на 4. Редовен национален конгрес, ги избра новите членови на Централниот извршен комитет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава од партијата се наведуваат одлуките донесени на 1. состанок на новиот Управен одбор, што се одржа во главниот град Скопје на 11 јули.
Едногласно во согласност со партискиот статус, избрани се двајца потпретседатели на партијата, Централен извршен одбор со 10 члена и генерален секретар на партијата.
За потпретседатели на партијата се избрани Џанер Сезаир и Ридван Мехмет, додека за генерален секретар е избран Џунејт Рушид.
На состанокот, меѓу другото, водени се и дискусии за геноцидот во Сребреница, за разговорите со ВМРО-ДМПНЕ, со која се во коалиција, пред локалните избори што се очекува да се одржат во октомври.
Исто така, според писменото соопштение, на состанокот е разгледано прашањето за поддршка на предлогот доставен од ВМРО-ДПМНЕ до Парламентот, што предвидува „утврдување на црвените линии“ во преговорите со Бугарија.
Да потсетиме, Ердоган Сарач беше реизбран за претседател на партијата на 4. Редовен национален конгрес што се одржа на 27 јуни со учество на 201 делегат.