Балкан

Македонија: Повеќе од 40 административни услуги ќе се добиваат на едно место

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и постојаниот координатор на ОН и претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон денеска во Скопје го најавија почетокот на проектот „Една точка на услуги“

Ivana Ramadanova  | 19.12.2017 - Обновена : 20.12.2017
Македонија: Повеќе од 40 административни услуги ќе се добиваат на едно место (Foto: Ivana Ramadanova/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и постојаниот координатор на ОН и претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон денеска во Скопје го најавија почетокот на проектот „Една точка на услуги“ и почетокот на функционалната хоризонтална анализа на јавната администрација, јавува Anadolu Agency (AA).

Според министерот Манчевски, стратешка цел на Владата и министерството за информатичко општество и администрација е администрацијата дава ефикасни, брзи, достапни и пред се поевтини услуги за граѓаните.

„Во рамки на овие заложби денеска потпишавме меморандум за соработка со УНДП. УНДП долго време е стратешки патртнер на Македонија и соработаката на овие два проекта со нашето министерство е уште еден пример како УНДП во соработка со Владата на најдиректен начин го подобрува животот и на граѓаните", изјави Манчевски.

Мначевски истакна дека со прoкетот „Една точка на услуги“, граѓаните ќе можат на едно место да добијат услуги и информации од повеќе институции, како што се Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Управат за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Управата за водење на матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и министерството за економија.

Постојаниот координатор на ОН и претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон, на денешниот настан истакна дека потпишувањето на овој меморандум за соработка значи реформи на јавната администрација и подобрување на пристапноста и испораката на јавните услуги.

„Еден од главните цели и области во кој што работи УНДП во светски рамки е токму реформи во јавната адмистрација и ние се надеваме дека ќе можеме и овде да воспоставиме едно долго рочно партнество и соработка со министерството токму во таа област", изјави Винтон.

Преку проекто „Една точка на услуги“ ќе се прави хоризонталната анализа на органите на државната управа и на агенциите која би требало да даде реална слика за состојбата со администрацијата и да ги реши проблемите со отчетност внатре во администрацијата и со преклопувањето на надлежностите меѓу институциите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.