Admir Fazlagic
18 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во текот на вечерашните протести во Скопје кои се одржаа пред Собранието на Република Македонија, на кои граѓаните го изразија своето незадоволство поради Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес во грчкиот дел на Преспанското езеро, повредени се седум полициски службеници, а до сега се приведени 25 лица, приведува Anadolu Agency (AA).
- Ескалираа протестите во Скопје: Солзавец и шок бомби пред Собрание
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР) ја информираше јавноста дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребиле распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието.
„Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата уопотреби солзавец.Повредени се седум полициски службеници, а до сега се приведени 25 лица", се вели во соопштението.
„Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење", велат од МВР.
Потсетуваме, министрите за надворешни работи на надворешни работи на Република Македонија и Република Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во недела, во Псардес го потпишааа Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Исто така, на церемонијата присуствуваа високи претставници на Европската унија и Обединетите нации.