Samir Kajoševic
30 Октомври 2020•Ажурирај: 31 Октомври 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Митрополитот црногорско-приморски Амфилохие почина утрово во Клиничкиот центар на Црна Гора, јавува Агенција Анадолија (AA).
„В петок [денес], 30 октомври 2020 година, во 8:20 часот наутро, во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, почина архиепископот цетињски, митрополитот црногорско-приморски Амфилохие“, соопштија од Митрополијата.
Амфилохие на 6 октомври беше примен на Одделот за пулмологија при Клиничкиот центар, откако тестот покажа дека е позитивен на коронавирусот. Митрополијата вчера објави дека неговата здравствена состојба се искомпликувала поради пневмонија и дека е интубиран.
Амфилохие од 1991 година беше на чело на Црногорско-приморската митрополија.