Ekipa
12 Јуни 2021•Ажурирај: 13 Јуни 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 21 нов случај на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 155.528, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавено е едно починато лице, а билансот на починати од вирусот во земјата се искачи на 5.471.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 149.619 лица.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 438.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.370 тестирањa за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во земјата се направени вкупно 831.031 тестирање.