Furkan Abdula
25 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 14 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.071, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 13 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.342.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 147.043.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 2.686.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.489 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 779.581 тестирање.