Admir Fazlagic
09 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на Ковид-19 (коронавирусот). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата изнесува 663 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга - 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица", се вели во соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија.
Според местото на живеење, досега најголем број случаи на Ковид -19 се регистрирани во Скопје – 273, Куманово - 143 и Дебар – 49. По овие градови, следуваат Прилеп во кој се регистирани 46 случаи, во Тетово и Струга по 30, Кочани - 19, Велес -18, Битола - 8, Гостивар, Гевгелија и Радовиш по 4 случаи, Охрид, Кавадарци, Крива Паланка и Крушево по 3 слуачи, Струмица - 2 и во Пробиштип 1 случај.
Во изминатото деноноќие направени се 341 теста на Ковид-19, а досега вкупната бројка тестирања на овој вирус во земјата изнесува 6.571.
„Починатата родилка од Куманово (која имаше 27 години), за која што вчера попладне инормираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје", се додава во соопштението.
Министерство за здравство вчера соопшти дека се регистирани 4 смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 30.
Вкупната бројка на излечени пациенти од Ковид-19 во земјата изнесува 37.