Zülfiya Yakup
21 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
ПРИШТИНА (АА) - Собранието на Косово го усвои договорот за демаркација на границата со Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Дури во петтиот обид, Собранието на Косово денес со 80 гласови „за" и 11 „против" успеа да го ратификува Нацрт законот за ратификација на договорот за државната граница меѓу Косово и Црна Гора.
Претходните четири обиди не успеаја, бидејќи пратениците на опозициското движење „Самоопределување“, фрлаа солзавци во пленарната сала.
Поради фрлање на солзавец, полицијата на Косово приведе седум пратеници на партијата, додека Претседателството на Собранието уште седуммина други пратеници на „Самоопределување“, ги исклучи од работата во Собранието.