Andjelija Stojkovic
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
БЕЛГРАД
Во Србија во последните 24 часа потврдени се 263 нови случаи на лица заразени со коронавирусот (Ковид-19) додека пет лица починаа, а тестирани се 4.365 примероци, соопшти денес епидемиологот Предраг Кон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од почетокот на епидемијата во Србија вкупно се потврдени 8.042 случаи на коронавирусот, тестирани се 64.303 примероци, 156 лица починаа, а стапката на смртност изнесува 1,94 отсто.
Од коронавирусот во Србија излекувани се 1.182 лица.
Министерот за земјоделство и шефот на кризниот штаб за регионот на Ниш Бранислав Недимовиќ рече дека Владата на Србија на Собранието на Србија му упатила одлука за воведување вонредна состојба и сите одлуки донесени во вонредната состојба, кои Собранието не можеше да ги разгледа бидејќи не беа дозволени собири.
Потсетувме, вонредната состојба во Србија е воведена со потпис на претседателот, премиерката и претседателката на Собранието на Србија.
Недимовиќ додаде дека Владата одлучила дека од наредната недела, лицата повозрасни од 65 години да можат да прошетаат саат врее, 600 метри од куќата во период од 18 до 01 часот.
Тој додаде дека целодневна забрана за движење поради првомајските празници ќе започне во четврток, на 30 април во 18 часот и ќе трае до понеделник, 4 мај, до 05 часот.