Kasım İleri
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ВАШИНГТОН
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.978 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 53.934 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според последните податоци објавени од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во последните 24 часа со Ковид-19 заразени се уште 33.885 лица, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 939.249.
Во последните 24 часа починале уште 1.978 лицa, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 53.934 лица.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 223.759 откриени случаи, Италија со 195.351 откриен случаj и Франција со 161.644 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Масачусетс. Во Њујорк откриени се 282.143 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 22.009 лица.
Во САД досега се извршени 5 милиони 184 илјади и 635 тестирања за Ковид-19, додека бројката на излекувани лица од оваа болест се искачи на 105.818. Моментално 126.194 лица се лекуваат во болници.