Hasan Esen
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 413 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 20.732, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите кои на дневен брифинг за медиуми ги сподели министерот за животна средина на оваа земја, Џорџ Јустис.
Според тоа, бројот на починати лица од Ковид-19 се искачи од 20.319 на 20.732.
Откриени се 4.463 случаи на Ковид-19 со што вкупната бројка на потврдени случаи од овој вирус се искачи на 152.840.
Во последните 24 часа се извршени 29.058 тестирања, со што вкупно се извршени 669.850 тестирања во земјата.
Меѓу дургото, дневните податоци објавени од страна на британската влада ги вклучуваат смртните случаи само во болниците, а се вели дека вистинската бројка на смртни случаи е многу повисока.
Јустиц нагласи дека британскиот премиер, Борис Џонсон, кој прима лекување за Ковид-19, почнувајќи од утре ќе продолжи со извршување на својата функција и упати предупредување дека предвременото укинување на мерките може да е опасно.