Andelija Stojkovic
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
БЕЛГРАД (АА) - Белоруските летала „МИГ-29“ денес официјално станаа сопственост на Србија, а ќе бидат испорачани кога ќе биде извршен ремонтот кој започна на 22 февруари, пренесува Anadolu Agency.
На примопредавањето на четирите авиони МИГ во Белорусија присуствуваше делегација од Министерството за одбрана на Србија и Военото воздухопловство на Војската на Србија, која ја предводеше министерот за одбрана, Александар Вулин.
Како што се наведува во соопштението на Министерството за одбрана, министерот Вулин истакнува дека Србија денес располага со 14 летала „МИГ-29“.
„Ние ќе имаме 14 летала МИГ на ниво на генерацијата 4+, што значи дека се едни од најсовремените авиони во светот. Нашето воено воздухопловство со децении не било најсилно, нашите пилоти сега можат да сметаат на часовите налет како во времето на ЈНА, можат да сметаат дека ќе управуваат со најсовремени средства, а нашето небо и нашата Србија ќе биде безбедна, слободна и независна“, изјави Вулин.