Fatjon Cuka
28 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
ТИРАНА (АА) - Десетици учесници на митингот за отварањето на кампањата на Демократската партија на Албанија, одржан вчера во Тирана, завршиле во болница со симптоми на труење, јавува Anadolu Agency (AA).
Во врска со случајот реагираше Министерството за здравство на Албанија, кое преку соопштение потврди дека денес, во раните утрински часови, во Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ се појавиле пациенти со симптоми на труење како и црвенило на очите, печење во очите, иритиација на кожата на лицето и на вратот, а кај некои и отежнато дишење.
„Според лекарските упати, сите овие пациенти биле учесници на настанот за отварањето на изборната кампања на Демократската партија, одржан пред една вечер во Тирана. Меѓу пациентите, околу 5 часот наутро дошол и лидерот на опозицијата Љуљзим Баша со слични симптоми. Министерството за здравство работи на утврдување на слични случаи и во болниците во региоот и во здравствените центри во земјата“, се наведува во соопштението.
Меѓу другото, во Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ се наоѓаат поголемиот дел од случаите, односно 76 пациенти, од кои 9 ќе добијат офталмолошки услуги и се под надзор на специјалисти.
Според соопштеното, Министерствто за здравство во соработка со Министерството за внатрешни работи и со Полициската дирекција работат за расветлување на случајот.
Потсетуваме, вчера Демократската партија на Албанија официјално ја отвори изборната кампања за парламентарните избори на 25 јуни.