Bojana Stojanovic
23 Октомври 2020•Ажурирај: 24 Октомври 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија како последица на коронавирусот во изминатите 24 часа починаа 3 лица, а регистрирани се уште 579 заразени. До денеска хоспитализирани се 530 лица, јавува Агенција Анадолија (AA).
Регистрирани се вкупно 38.115 случаи на вирусот.
Од вчера тестирани се 8.209 лица, од кои 579 се позитивни на коронавирусот.
Во истиот период починаа 3 лица, со што бројот на смртни случаи во земјата е зголемен на 786. Процентот на смртност е 2,06.
На респиратори се наоѓаат 24 пациенти.
Досега тестирани се 1.271.455 граѓани.