Seyyid Emin
22 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
СКОПЈЕ
Турските државјани што останаа во Северна Македонија по избивањето на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), со специјален лет што го организираше „Туркиш ерлајнс“ (ТХЈ) заминаа за Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со автобуси на ТАВ лоцирани во близина на Амбасадата на Турција во Скопје, турските државјани беа транспортирани на Меѓународниот аеродром Скопје.
Амбасадорот на Турција, Хасан Мехмет Секизќок, и службеници на Амбасадата ги испратија 270-те турски државјани за Турција со специјален лет на ТХЈ.
Пред полетувањето, Селчук Бедир, еден од турските државјани што се враќаат во Турција, за Агенција Анадолија (АА) изјави дека е студент на Катедрата за психологија при Интернационалниот балкански универзитет.
Истакнувајќи дека поради затворањето на границите како превенција од ширењето на пандемијата на Ковид-19 останале заглавени, Бедир рече: „Сега заминуваме со авион. Се зборува дека станува збор за околу 300 лица. Дојдовме порано, ако е за добро, ќе заминеме во нашата земја. Семејството многу ми недостасува. Се надевам дека за кусо време ќе се сретнам со нив.“
Џумазије Решити, велејќи дека дошла во Северна Македонија за да ја види својата болна мајка, изјави: „Дојдов поради неа. Останав тука заглавена. Сакам да одам кај своите деца. Многу ѝ се заблагодарувам на Турција. Тоа се моите чувства. Многу сум возбудена, ќе ги видам своите деца и својот сопруг.“
Градежниот работник Сејфетин Јузѓулер изјави: „Три месеци јас сум тука. Ми заврши должноста, една недела чекам. Денес заминуваме за Турција. Дојдов за работа, работам на градилиште. Господ нека ја благослови Република Турција. Нашата држава е голема земја. Им излегува во пресрет на своите државјани. Многу ѝ се заблагодарувам.“
Турските државјани, што од Северна Македонија се враќаат во својата земја, во авионот потпишаа согласност за двонеделен престој во карантин по пристигнувањето во Турција, подготвен од страна на турското Министерство за здравство.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, на 15 април соопшти дека со инструкции дадени од претседателот Реџеп Таип Ердоган, турските државјани што привремено се наоѓаат во странство и поднеле барање за враќање, во најкус временски период откако ќе бидат исполнети сите потребни услови за карантински престој, ќе бидат вратени во Турција.
Чавушоглу во својата објава истакна дека во Турција ќе вратат 25.000 турски државјани од 70 земји, коишто привремено се наоѓаат во странство и сакаат да се вратат во својата земја.