Samir Kajoševic
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
ПОДГОРИЦА (AA) - Пет нови случаи на заразени со новиот коронавирус (Ковид-19) потврдени се во Црна Гора, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во таа земја сега вкупно се заразени 52 лица.
„Од вчерашниот просек во 18 часот ангализирани се 25 примероци. Новиот коронавирус е потврден кај пет лица, додека кај 20 лица налазот е негативен", соопштено е од Институтот за јавно здравје на Црна Гора.