Bekim Laci
09 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за локална самоуправа го објави вториот јавен повик за проекти поврзани со прекуграничната соработка меѓу Република Македонија и Бугарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Сухејл Фазлиу за време на презентацијата на повикот рече дека на потенцијалните апликанти им стојат на располагање седум милиони евра за проекти од двете страни на границата, но, како што рече, износот на средствата ќе зависи од проектите што ќе бидат одобрени.
Средствата, рече Фазлиу, се обезбедени преку ИПА инструментот на Европската унија, додека Владата на Македонија преку Буџетот на министерството обезбедува 15 отсто од трошоците за секој одобрен проект.
Министерот Фазлиу рече дека општа цел е зајакнувањето на соработката меѓу граѓаните и институциите во регионот, информирајќи дека во рамките на прекуграничната програма со Бугарија, македонската страна го вклучува Североисточниот, Источниот и Југоисточниот регион, со вкупно 27 општини.
„На овој повик можат да аплицираат оптшини, невладини организации, организации за поддршка на бизнисот, образовни, научни и културни и други непрофитни организации и иснтитуции. Проектите треба да бидат за заштита на животната средина, туризмот или подобрување на конкурентноста во регионалните бизниси”, рече министерот Фазлиу.
Тој информираше дека крајниот рок за поднесување на пријавите е 11 мај 2018 година, и тоа исклучиво преку електронски пат.
Инаку, ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу земјите за периодот 2014-2020 година тежи вкупни 19 милиони евра. Во рамките на привот повик се одобрени 48 проекти во вкупна вредност од 10 милиони и 335 евра.
„За таа цел ги повикувам сите заинтересирани субјекти да аплицираат и во еден транспарентен процес на селекција да бидат одбрани најдобрите проекти, оние кои што ќе обезбедат најголемо влијание на менувањето на работите и подобрувањето на условите за живеење во овој пограничен регион”, рече Фазлиу.