Aysu Biçer
10 Март 2022•Ажурирај: 11 Март 2022
АНКАРА (АА) - Јапонскиот „Сони“ денеска соопшти дека ги суспендира сите испораки на хардвер и софтвер во Русија поради војната на земјата против Украина.
„Ги суспендиравме сите испораки на хардвер и софтвер, пуштањето на ‘Грен турисмо 7’ и работењето на ‘Плејстејшн стор’ во Русија“, се вели во соопштението.
Компанијата исто така ќе донира 2 милиони долари на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации и на „Спасете ги децата“ (Save the Children) за поддршка на хуманитарната помош во и околу Украина.
Потегот уследи по невиденото истапување на меѓународните брендови од Русија, вклучително „Нинтендо“, „Епл“, „Самсунг“ и „Мајкрософт“.
Јапонија ја осуди војната на Русија врз Украина и им се придружи на западните сојузници во воведувањето санкции на Москва.
Мерките вклучуваат ограничувања на трансакциите со Централната банка на Русија и замрзнување на имотот на седум руски банки.
Покрај испраќањето несмртоносно оружје во Киев, Токио дозволи продолжување на визите за Украинците во Јапонија и исто така презема чекори за прифаќање на евакуирани лица од Украина. Повеќе од 2,3 милиони Украинци избегаа во соседните земји, според пресметките на ОН.