Meiramgul Kussainova
05 Септември 2022•Ажурирај: 08 Септември 2022
НУР СУЛТАН (АА) - Извозот на јаглен од Казахстан во европските земји достигна рекордно ниво со 6,4 милиони тони во првите седум месеци од оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на информативниот сајт „İnformburo“, Казахстан во периодот јануари-јули 2022 година во Европа извезе јаглен во вредност од 371,8 милиони долари.
Казахстан годинава достигна рекорд во однос на претходните периоди, со извоз од вкупно 6,4 милиони тони јаглен во европските земји во првите седум месеци од оваа година.
Минатата година извозот на јаглен од Казахстан во Европа изнесуваше 5,2 милиони тони, а во претходните години не надминуваше 4 милиони тони.
Најмногу јаглен оваа година има купено Швајцарија (4,5 милиони тони), потоа следуваат Полска (723.000 тони) и Белгија (213.000 тони). Покрај овие земји, на листата на купувачи на јаглен од Казахстан се и Бугарија, Велика Британија, Лихтенштајн, Романија и Летонија.