Ahmet Gürhan Kartal
30 Септември 2022•Ажурирај: 03 Октомври 2022
ЛОНДОН (АА) ‒ Илјадници поштенски работници во Велика Британија денеска започнаа дводневен штрајк, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу 115.000 работници на „Ројал мејл“ се кренаа на штрајк поради несогласувањата во врска со покачувањата на платите и работните услови.
Синдикатот на комуникациски работници најави дека ќе ги продолжи еднодневните запирања на работата сѐ до Божиќ, и најави уште 19 дена на изразување незадоволство, што, како што нагласи, ќе има драматични последици.
„Ова е значајна најава, најава која се совпаѓа со нивото на гнев на нашите членови на начинот на кој групацијата на „Ројал мејл“ ги третира“, изјави генералниот секретар на Синдикатот, Дејв Вард.
„Главниот извршен директор на групацијата ги третира поштенските работници како да се глупави“, додаде тој.
„Ова се истите луѓе кои ја одржуваа конектираноста на земјата и ја вратија „Ројал мејл“ на остварувањето профит.“
Штрајкот на поштенските работници дојде во исто време со други штрајкови, како оние на работниците на пристаништата, правните советници и адвокати и работниците на железницата.
И вработените во другите сектори, вклучувајќи ги и здравствените работници и наставниците, се подготвуваат на слични чекори во октомври во услови на најголемата инфлација во земјата во последните 40 години од 10,1 %.