Satuk Buğra Kutlugün
26 Мај 2016•Ажурирај: 27 Мај 2016
МОКСВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека неговата земја мора да пронајде нови ресурси со цел да ja избегне економската криза во таа земја и бавниот еконосмки раст, пренесува Anadolu Agency (AA).
За време на состанокот со економскиот совет во Москва доцна синоќа, претседателот на Русија, Владимир Путин, предупреди дека додека не се пронајдат економски извори,„економскиот раст во земјата ќе остане на речиси нула отсто”.
„Со цел да се одржи макроекономската стабилност, од клучна важност е тоа да се спроведат структурни реформи во економијата”, изјави Путин, повикуваjќи на потребни чекори за реформи во руралната економија.
Претходно објавениот извештај за економскиот развој покажа дека дури и ако цената на нафта се зголеми на 50 долари по барел, и понатаму не би било можно руската економија да достигне економски раст од пет до седум отсто.
Според извештајот кој во вчера го објави Московското економско средно училиште, просечната месечна плата во Русија во 2015 година падна на 558 долари, што е за 34 отсто помалку во однос на 2014 година.
Овој остар пад, Русија ја става во ранг со Казахстан, каде просечната месечна плата во 2015 беше 549 долари, се наведува во извештајот.
Строгите санкции на Западот кон Русија и ненадејниот пад на цената на нафта предизвикаа полоша економска состојба во таа земја.