Ahmet Furkan Mercan
27 Септември 2018•Ажурирај: 28 Септември 2018
АНКАРА (AA) - АХМЕТ ФУРКАН МЕРЏАН
Светскиот туристички сектор дава придонес за глобалната економија и претставува 10 отсто од вкупниот бруто-домашен производ (БДП) во светот. Светската туристичка организација при Обединетите нации (UNWTO), на седницата одржана во 1979 година во шпанскиот град Торемолинос, донесе одлука, според која од 1980 година наваму, 27 септември се одбележува како Светски ден на туризмот, пишува Anadolu Agency (AA).

Обединетите нации, меѓу „17 цели за одржлив развој (SDG)“, до 2030 година, го свртува вниманието кон развојот на туризмот. Развојните цели под насловите „Редовна работа и економски раст“, „Одговорна потрошувачка и производство“ и „Подводен живот“ ги нагласува според дефиницијата „Промовирање и организирање на локалните производи“. Целта на Светскиот ден на туризимот е да се создаде и развие свеста за туризмот во светот, а исто така да се истакне и еколошката, економската, политичката и социокултурната важност на туризмот.
- Во сите туристички движења Европа е на прво место
Според извештајот насловен како „Резиме на туризмот во 2018 година“, подготвен од страна на Светската туристичка организација при Обединетите нации (UNWTO), туристичкиот сектор во вкупниот бруто-домашен производ, на светско ниво учествува со 10 отсто, а во светската трговија со 7 отсто. Од секои 10 вработувања, едно работно место е во туризмот. Според извештајот, во 2017 година, според вкупниот удел во приходите од туризмот, Европа се наоѓа на првото место со 51 отсто, а на второ е Азиско-Пацифичкиот Регион, со 24 отсто.
Следува американскиот континент на трето место, со 16 отсто, Африка четврта со 5 отсто и Средниот Исток на петто место, со 4 отсто.
Во извештајот стои дека во светот вкупно пропатувале 1 милијарда и 323 милиони туристи. Според овој извештај, Европа ја посетиле 671 милион, Азија и Пацификот 324 милиони, САД 207 милиони, Африка 63 милиони, додека Блискиот Исток, 58 милиони туристи.
- Патувањето се одвива најмногу со авиони
Според извештајот, по анализирањето на сите можни видови на патување, на прво место со 57 отсто се наоѓа патувањето со авион. Со 37 отсто следува патувањето по копнен пат, 4 отсто по морски патишта и 2 отсто со железница. Според истражувањата, 55 отсто од туристите патувале за одмор и рекреација, 27 отсто за посета на роднини, поради здравствени и верски причини, 13 отсто поради професионални обврски, додека 6 отсто од светското население не ја прецизирало причината за своето патување.
- Со потрошени 258 милијарди долари за туризам, Кина е земја лидер
Во извештајот се наведува дека според расходите во светскиот туризам, Кина со потрошени 258 милијарди долари, убедливо е земја лидер во светот. Зад Кина се наоѓаат САД со 135 милјарди, Германија со 84, Англија со 63, по која следува Франција со 41 милијарда долари.
- „Меѓународна година за одржлив туризам и развој“
Обединетите нации (ОН), под мотото „Патувај, уживај, почитувај“, 2017 година ја прогласија за Меѓународна година за одржлив туризам и развој.
Во овие рамки, ОН од различни земји избраа 12 специјални амбасадори од претседатели на држави и познати личности. Тие во текот на годината реализираа официјални активности во 14 земји, меѓу кои се Шпанија, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати, Бангладеш, Хондурас, Молдавија, Филипини, Кина, Катар, Замбија, Јамајка, Оман и Швајцарија.
На 22. Генерално собрание на Светската туристичка организација при Обединетите нации (UNWTO), одржана во септември 2017 година во Кина, за генерален секретар едногласно е избран Грузиецот Зураб Пололикашвили. Зураб функцијата ја презеде во јануари 2018 година од Талеп Рифаи, кој функцијата генерален секретар ја извршуваше од 2010 година. Пололикашвили стана 6. генерален секретар на Организацијата, основана во 1975 година.