Ekipa
15 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
АТИНА (АА) - Денес грчкиот премиер изјави дека економските постигнувања на Грција во исполнувањето на барањата на кредиторите се должи на жртвувањето на грчкиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Алексис Ципрас зборуваше во Атина за време на посетата на комесарот за европска економија и финансики прашања, Пјер Московиси.
Московиси е во неколкудневна посета на Грција пред состанокот на Еврогрупата, кој ќе се одржи на 20. февруари, за да се дискутира во врска со економската програма за финансиски спас на Грција.
„Состанокот ќе ги постави параметрите на договорот за да се заокружат барањата“, му пренесе Московиси на Ципрас за време на состанокот во премиерската канцеларија.
„Сметам дека е потребен труд од сите страни, со малку труд можеме да го постигнеме тоа, мораме да го постигнеме“, додаде Московиси.
Ципрас на тоа одговори дека мора да се зборува за реформите, но без влијание.
„Резултатите (од исполнувањето на Грција) се должат на жртвувањето на грчкиот народ. Секој мора да ги признае бројките и да го вреднува жртвувањето на грчкиот народ. Нашата порака е ‘доволно e со мерките за штедење“, додаде тој.
Претходно, пред да се состане со грчкиот министер за финансии Евклид Цакалотос, Московиси изјави дека престојниот состанок на Еврогрупата може да донесе „добар период за Грција“.