Sadık Kedir Abdu
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Две години по неговата смрт, боксерската легенда Мухамед Али се памети не само по неговата моќ во рингот, туку и по неговите жестоки напори во борбата против расизмот, пишува Anadolu Agency (AA).
Покрај неговиoт неверојатeн боксерски талент, тој исто така беше истакнат активист против расната сегрегација според законот „Џим Кроу“ во САД.
На денешната, втора годишнина од неговата смрт, на гробот на Мухамед Али во созујната американска држава Кентаки, се собраа неговите фанови за да се потсетат и да му оддадат почит на неговото дело.
Али, претходно Касиус Клеј, е роден на 17 јануари 1942 година во најголемиот град во Кентаки, Луисвил.
Кога имал 12 години, почнал да боксува во аматерски клубови и добил 161 од 167 борби.
Како професионален боксер, олимпискиот добитник на златен медал освои 56 од 61 боксерска борба, вклучувајќи и неверојатни 37 нокаути.
Али го промени своето име на 22-годишна возраст, кога конвертираше во ислам, а беше и близок пријател на Малком Икс, познатиот активист за граѓански права.
По долгата борба со Паркинсовата болест, Мухамед Али почина на 3 јуни 2016 година во болница во Феникс, Аризона.