Mohamad Misto,Adham Kako
04 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
РАКА/АНКАРА (AA) - МУХАМЕД МИСТО - Дечињата во сирискиот град Рака, кој е контролиран од страна на терористичката организација ЈПГ/ ПКК, наместо во училиште, поголемиот дел од времето го поминуваат меѓу урнатините на градот и отпадот, собирајќи отпадоци за да преживеат, јавува Anadolu Agency (AA).
Рака која беше тврдина на терористичката организација ДЕАШ од октомври 2017 година е под контрола на терористите ЈПГ/ПКК. Хуманитарната криза во центарот на овој сириски град се зголемува секој ден.
За време на воздушните напади на коалициските сили обединети против ДЕАШ, градот речиси e целосно уништен. На малиот број цивили на кои само им остана да се вратат во своите домови денес под многу тешки услови се борат за живот.
Во центарот на градот, каде што се вратија околу 20.000 цивили, дечињата не можат да го продолжат своето образование. Така, наместо да бидат во училиште, тие го поминуваат своето време меѓу урнатините и депониите со ѓубре собирајќи отпадоци и пластика. На овој начин, тие пружаат поддршка на семејствата.
Според податоците на сириските активисти, во некои делови на градот Рака, уништени се 90 отсто на станбените објекти, а под некои урнатини се уште се наоѓаат тела.
Десетогодишниот Мухамед во разговор за Anadolu Agency (AA) рече дека е во потрага по работа за да не им помага на тој начин на родителите.
„Не можев да најдам работа, во моментов собирам пластика и ѓубре. Се надевам дека ќе најдам работа", вели Мухамед.
Една година помладиот Хасан исто така, рече дека неговото семејство живее тешко и поради тоа не е во можност да оди на училиште, но е принуден да собира и продава пластика, па на тој начин заработува пари.
Жител од Рака, Мухамед Осман укажува дека децата на овој град не се во можност да одат на училиште, а главна пречка за тоа е сиромаштијата.
„Поради урнатините тешко да се движат низ градот. Луѓето со сопствена можност се обидуваат да ги исчистат патиштата. Хуманитарната помош за да стигне до градот, потребно да се добие дозвола од ЈПГ/ПКК, но такви дозволи ретко се добиваат", вели Осман.