Sümeyye Dilara Dinçer
11 Ноември 2021•Ажурирај: 15 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Машко бебе родено во 21. недела од бременоста во американската сојузна држава Алабама, ја понесе титулата „најрано родено бебе кое преживеало“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), бебето по име Кертис Минс, родено во Бирмингем, тешко 420 грама, влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Мајката Мишел Батлер, која беше хоспитализирана на 4 јули 2020 година, ги роди близнаците Кертис и Кашја.
Кашја, една од близнаците, починала еден ден откако се родила, а Кертис, за среќа останал жив и во април бил отпуштен по 275 дена минати во болница.
Кертис влезе во Гинисовата книга на рекорди како „најрано родено бебе кое преживеало“.
Лекарите информираа дека на Кертис сè уште му треба цевка за хранење.