Tezcan Ekizler
16 Септември 2021•Ажурирај: 17 Септември 2021
ИЗМИР (АА) - ТЕЗЏАН ЕКИЗЛЕР -
Проф. д-р Алпер Шенер, член на Научниот комитет за коронавирус при Министерството за здравство на Турција, изјави дека во последно време пациентите заразени со варијантата Делта плус почнале да се гледаат во болничките одделенија за интензивна нега.
„Понекогаш не добиваме одговор на третманот на пациентите заразени со тој тип варијанти. Во такви случаи треба да се комплетира распоредот за вакцинација што е можно поскоро за да не се соочуваме со таква ситуација.“
Професор Шенер од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Катип Челеби“ во Измир изјави дека поради варијантите што се појавија во текот на пандемијата, болеста се пренесува побрзо, и сразмерно со тоа, можностите за лекување се потешки.
Нагласувајќи дека најефикасното оружје во борбата против епидемијата на Ковид-19 е вакцината, Шенер рече: „Не е важно дали сте вакцинирани со првата доза на вакцината. Се разбира, треба да се земе и втората доза и последователните вакцини. Министерството за здравство на Турција подготви научен водич на оваа тема. Соодветно на тоа, потребни се три дози на „Синовак“ или две дози на вакцина „БајоНТех“ за да се комплетира првиот имунитет. Ако ваквата вакцинација не е направена, се смета за нецелосен календарот на вакцинација, што го зголемува ризикот од заразување со коронавирусот.“
Тој потсети дека на луѓето со втора доза на вакцината „БајоНТех“ можеби ќе им треба трета доза вакцина во следните 6-8 месеци, и објасни дека четвртата доза вакцина во моментов не е на светската агенда.
Посочувајќи дека гледиштето на луѓето за вакцинација во време на пандемија се менува од ден на ден, Шенер рече:
„Според набљудувањата направени во болницата во која работам, се забележува дека со зголемување на варијантите на коронавирусот и барањето на ПЦР-тестови, луѓето го зголемија интересот за вакцинација. Кај луѓето се создаде страв и почнаа да го слушаат гласот на својата совест: ’Сѐ почна да функционира, но што ако нешто тргне наопаку затоа што не сум вакциниран, во тој случај јас ќе бидам одговорен за тоа‘, и претпочитаат да се вакцинираат.“
Во последно време во одделенијата за интензивна нега во болниците почнаа да се забележуваат пациенти заразени со варијантата Делта плус. Понекогаш не добиваме одговор на третманот на пациентите заразени со тој тип варијанти. Во такви случаи треба да се комплетира распоредот за вакцинација што е можно поскоро за да не се соочуваме со таква ситуација. Клиничката слика за двете варијанти е иста, разлики се откриваат по спроведените генетски анализи.“