Fatjon Cuka
23 Мај 2020•Ажурирај: 24 Мај 2020
ТИРАНА
Во Албанија почина уште едно лице кое беше заразено со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата од овој вирус се зголеми на 32, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се наведува дека во Инфективната клиника почина 64-годишната пациентка од Тирана која беше заразена со Ковид-19.
„Таа е триесет и втора жртва заразена со Ковид-19 во Албанија“, се нагласува во ова соопштение.
Досега во Албанија се откриени 989 случаи со Ковид-19, меѓу кои 32 починати и 783 излекувани лица.