Yusuf Özcan
23 Мај 2020•Ажурирај: 24 Мај 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 28.332 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.
Потврдени се уште 240 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 219.332.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 17.178 лица, од кои 1.665 се наоѓаат во интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 361 лице, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 64.547.
Во последните 24 часа во болници починаа 43 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 28.332.
Бројот на починати во домовите за стари лица ќе се ажурира на 25 мај.