Rabia İclal Turan
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
БРИСЕЛ
Белгиската министерка за надворешни работи, Софи Вилмес, која е позитивна на Ковид-19, е хоспитализирана на интензивна нега, јавува Агенција Анадолија (АА)
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, потврди дека министерката е хоспитализирана синоќа.
Вилмес во саботата на социјалната мрежа Твитер потврди дека е позитивна на Ковид-19, додавајќи: „Вирусот веројатно се појавил во семејниот круг, со оглед на мерките за заштита кои ги преземав надвор.“ Таа е во самоизолација од петокот.
Во текот на изминатите неколку дена, во Белгија е забележан пораст на заразените од Ковид-19. Владата во земјата нареди затворање на баровите и рестораните, повикувајќи ги луѓето да носат заштитни маски.
Во земјата се потврдени 253.000 случаи на заразување, 10.539 лица се починати досега.