Islam Doğru
08 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во изминатите 24 часа од коронавирусот починаа 977 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 134.018, пренесува Агенција Анадолија (AA).
САД сè уште се земја со најмногу заразени и смртни случаи поврзани со коронавирусот Ковид-19.
Податоците од веб-страницата „Worldometer“, на која се достапни најновите информации за епидемиолошката состојба во светот, покажуваат дека во САД во изминатиот ден се потврдени 56.361 нови случаи на Ковид-19.
Вкупниот број на заразени во земјата достигна 3.098.311, додека излекувани се повеќе од 1.355.000 лица на кои претходно им е дијагностициран Ковид-19.
По САД следуваат Бразил со 1.674.655 заразени, Индија со 750.580 и Русија со 700.792 случаи.
Епицентарот на коронавирусот во САД сè уште е сојузната држава Њујорк, каде се заразени 423.493 лица, од кои 32.292 ја изгубија битката со Ковид-19.
Во САД од почетокот на епидемијата тестирани се над 38.816.000 примероци.