Burak Bir
02 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ТОРОНТО (АА) - Билансот на починати од новиот тип коронавирус во Канада се искачи на 3.462, откако во последните 48 часа починаа 408 пациенти, покажуваат денешните податоци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Регистрирани се нови 3.830 случаи на вирусот, со што вкупниот број на заразени изнесува 55.061.
Во меѓувреме, се забележува значителен пораст на престапи од омраза кон кинеските и азиските жители во Британска Колумбија, каде што живеат во голем број.
„Од појавата на вирусот, 11 од 15-те казнени дела извршени поради омраза во градот Ванкувер се извршени против лица од кинеско и азиско потекло“, соопшти локалната полиција.
Според некои истражувања, јавноста ја обвинува Кина за пандемијата.
Вирусот Ковид-19 се прошири во 187 земји и региони откако откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември. САД и Европа се најтешко погодени од вирусот.
Во светот се регистрирани над 3,34 милиони дијагностицирани случаи на Ковид-19, бројот на починати се доближува до 239.000, додека над 1 милион луѓе се излекувани, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.