Ahmet Dursun
02 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Како последица на вирусот Ковид-19 во Иран, во текот на изминатите 24 часа починаа уште 65 лица, со што бројот на смртни случаи во земјата е зголемен на 6.156, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, соопшти дека во текот на изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 65 лица, а регистрирани се нови 802 случаи. Според овие податоци, забележана е најмала бројка на случаи во земјата по 54 дена.
Џиханпур, наведувајќи дека вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголемил на 5.877, рече дека бројот на заболени се искачил на 96.448.
Тој истакна дека 2.787 пациенти се во критична состојба, и додаде дека досега во земјата излекувани и отпуштени од болница се вкупно 77.350 лица.
Тој исто така наведе дека досега во земјата спроведени се вкупно 484.541 тестирање за Ковид-19.