Dmitri Chirciu
06 Јули 2021•Ажурирај: 07 Јули 2021
МОСКВА
Рускиот претседател, Владимир Путин, утре во Москва ќе се состане со премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кремљ е наведено дека Путин и Пашинјан ќе разговараат за имплементација на договорот за Карабах, што Азербејџан и Ерменија на 10 ноември 2020 година го постигнаа со посредство на Русија, како и за хуманитарната помош и повторното воспоставување економски и транспортни врски на тоа подрачје.
Планирано е на состанокот да се разговара и за односите на Русија и Ерменија.
Ерменската Војска во Карабах, што беше под нејзина окупација, е поразена од азербејџанските сили, и минатата година се повлече од таа територија.
Во Ерменија на 20 јуни се одржани предвремени парламентарни избори. Победи Партијата за цивилен договор на Пашинјан, која освои 53,91 отсто од гласовите.
Пашинјан привремено ја извршува функцијата премиер, додека не биде формирана новата Влада на Ерменија.