Ekipa
19 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
ЏАКАРТА (АА) - Индонезија денес објави најмалку 327 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во земјата достигна 6.575, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според најновите официјални податоци, бројот на починати од вирусот во земјата се искачи на 582, по смртта на 47 лица, додека досега од вирусот се излекуваа вкупно 686 лица.
Ахмад Јурианто, портпаролот на Владата за прашања поврзани со коронавирусот, изјави дека во земјата се извршени 47.000 тестирања за Ковид-19.
Досега пандемијата во светот зеде над 160.000 животи, заразени се над 2,3 милиони луѓе, додека повеќе од 600.000 се излекувани, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.