Beyza Binnur Dönmez
30 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
АНКАРА
Бројот на починати од последици предизвикани од Ковид-19 денес во светот ја надмина границата од 35.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 177 земји и региони низ светот. Од последиците предизвикани од овој вирус починаа вкупно 35.019 лица. Потврдени се 737.929 случаи на заразување.
Досека се излечени 156.507 лица кај кои бил дијагностициран новиот тип на коронавирус.
Италија, Шпанија, Кина и Иран се најпогодени земји од вирусот, додека САД е земја со најголем број на заразени лица. Во САД се детектирани 143.000 случаи на Ковид-19. Спорд последнтие ажирурани податоци, во САД од новиот тип на коронавирусот починаа 2.513 лица.
Во Италија се забележани 10.779 мртни случаи, што претставува најголема бројка на починати во светот од Ковид-29. Во оваа европска земја детектирани се 98.600 случаи на лица зараззени од Ковид-19. Во Шпанија од последиците предизвикани од новиот тип на коронавирусот починаа 7.340 лица, а регистрирани се речиси 85.200 случаи на заразеност со вирусот Ковид-19. По Шпанија, следува Кина со 3.308 починати лица, а потврдени се речиси 82.200 случаи на заразување.
Бројот на почиати во Иран од последиците на вирусот изнесува 2.757, а потврдени се речиси 41.500 случаи на заразување со новиот тип на коронавирусот.
Многу земји ги суспендираа летовите од најпогодените места и воведоа ограничување во движењето, откако Светската здравствена организација прогласи пандемија на Ковид-19, а Европа ја посочи како нов епицентар на епидемијата.