İlyas Tayfun Salcı
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 210 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 32.065, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди Министерството за здравство на Велика Британија.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа како резултат на Ковид-19 во болниците, домовите за стари лица и во своите домови починале 210 лица.
Со ова, вкупниот број на починати од Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 32.065.
Во последните 24 часа во земјата се направени 92.837 тестирања за Ковид-19, со што бројот на вкупно извршени тестирања во земјата се зголеми на 1.921.770.
Исто така, во последните 24 часа се откриени уште 3.877 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 223.060.