Hasan Esen
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 674 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 26.711, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот премиер Борис Џонсон кој е во процес во лекување од Ковид-19, ја одржа првата прес-конференција по враќањето во должност.
Џонсон во своето обраќање упати благодарност до Националниот здравствен центар (NHS) поради неговото лекување.
Тој информира дека бројот на починати поради Ковид-19 во земјата се зголеми на 26.711, додека бројот на откриени случаи во Велика Британија со раст од 6.033 се зголеми на 171.253.
Британскиот премиер нагласи дека во текот на денот извршени се 81.611 тестирања, додека вкупниот број на извршени тестирања во земјата изнесува 901.905.
Џонсон рече дека втор бран во пандемијата би предизвикал постојана економска штета, затоа според него, владата треба постепено да ја отвори економијата.
Како што рече Џонсон, носењето маски ќе биде корисно во процесот на укинување на ограничувањата.
Тој говореше и во врска со неговото лекување, и рече: „Бев многу многу среќен. Добив прекрасно лекување. Трагично е што илјадници лица беа помалку среќни од мене“.
Џонсон истакна дека целта на владата е да се спасат животи низ земјата, и намалување на болката предизвиката од оваа пандемија.
Инаку, британската Влада вчера во вкупната бројка на починати од Ковид-19 ги вклучи и лицата кои починале во домовите за стари лица каде починаа 3.811 лица поради оваа пандемија.