İlyas Tayfun Salcı
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 739 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 27.510, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на оваа земја, Мет Ханкок, на дневна прес-конфренција истакна дека поради Ковид-19 починале уште 730 лица со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се зголеми на 27.510.
Ханкок нагласи дека на последниот ден на април биле изврпени 122.347 тестирања.
Меѓу другото, во Велика Британија вкупно се извршени 1 милион 23 илјади и 824 тестирања за Ковид, додека бројот на откриени случаи се искачи на 177.454.