Ekipa
26 Ноември 2021•Ажурирај: 28 Ноември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Белгија денес го регистрира првиот случај на неодамна откриената варијанта на коронавирусот откриена во јужна Африка, јавува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференција, белгискиот министер за здравство, Франк Ванденбрук, рече дека невакциниран патник ја донел новата варијанта Б.1.1.529, со влез во државата, а во понеделникот е тестиран позитивен.
„Претпазливоста е нужна, но не паничете“, рече тој во обраќањето до јавноста.
Новата мутирана варијанта, која можеби ќе може да ги избегне вакцините, откриена е во Јужна Африка.
Велика Британија ги прекина летовите од Боцвана, Есватини, Лесото, Намибија, Јужна Африка, Зимбабве од петокот напладне.