Hasan Esen
22 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирусот Ковид-19 починаа 759 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 18.100, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека во истиот период регистрирани се 4.451 нов случај на вирусот, и дека вкупниот број на заразени лица во земјата изнесува 133.495.
Се наведува дека во изминатите 24 часа тестирани се 13.522 лица, со што вкупниот број на тестирани лица во земјата порасна на 411.192, односно со ретестираните, 559.935.
Најголемиот број смртни случаи предизвикани со коронавирусот во Велика Британија е регистриран на 10 април, кога починаа 980 лица во еден ден.
Велика Британија на 23 март воведе низа ограничувања кои се однесуваат на движењето на населенеито, но и затворање на сите објекти кои даваат комецијални услуги, освен маркетите и аптеките.
Претходно, коронавирусот беше потвден и кај британскиот престолонаследник, принцот од Велс, Чарлс, на премиерот Борис Џонсон и кај министерот за здравство, Мет Ханок, кои успешно го победија вирусот.