свет, Коронавирус

Во Грција зголемена стапката на смртност од Ковид-19

Забележан е пораст на приемите во болниците за околу 45 отсто

Ayhan Mehmet  | 23.12.2023 - Обновена : 25.12.2023
Во Грција зголемена стапката на смртност од Ковид-19

АТИНА (АА) - Во Грција, со почетокот на студените зимски денови, забележан е пораст на смртните случаи од Ковид-19, јавува Анадолу.

Во соопштението на Националната здравствена установа на Грција (EODY) се наведува дека минатата недела од последици на Ковид-19 починале 60 лица.

Како што се наведува, забележан е пораст на приемите во болниците за околу 45 отсто.

Во соопштението се наведува дека во земјата зголемен е бројот на случаи поврзани со варијантата ЈН.1 на Ковид-19.

Се додава дека споменатата варијанта на вирусот е откриена кај 101 лице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın