Muhammet Kurşun
13 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран, вкупниот број на починати од вирусот Ковид-19 достигна 8.730, со 71 смртен случај во текот на изминатите 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство, Сима Садат Лари, потврди дека во текот на последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 71 лице, а регистрирани се 2.410 новозаразени.
Истакнувајќи дека вкупниот број на починати во земјата е зголемен на 8.730, Лари рече дека бројот на заразени се искачил на вкупно 184.955.
Портпаролката соопшти дека 2.755 лица заразени со коронавирусот се во критична состојба, додека излекувани и отпуштени од болница се 146.748 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Таа исто така рече дека досега во земјата се направени вкупно 1.219.400 тестирања за Ковид-19.
Во Иран на почетокот од мај бројот на евидентирани случаи во едно деноноќие беше намален на под 800.
Откако беа укинати забраните за движење, бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 повторно почна да се зголемува.